Забава

“Ти никогаш нема да бидеш славна” Погледнете како Лејди Гага била исмејувана од врсниците на факултет

Откако Лејди Гага доби Оскар, светот го обиколи приказна за нејзиниот тежок живот како студентка. Додека се обидувала да се прослави со својот глас, музичарката чие вистинско име е Стефани Германота, била исмејувана од врсниците во тајна група на Facebook наречена „Stefani Germanotta, you will never be famous“ (Стефани Германота, никогаш нема да бидеш славна).

Ова пред неколку дена го објави корисничка на Twitter, а постот брзо стана хит на социјалната мрежа.

„Кога Лејди Гага беше на факултет, имаше група која се викаше ‘Stefani Germanotta, you will never be famous’, а сега таа е ПРВАТА жена во историјата која има освоено Оскар, Греми, БАФТА и Златен Глобус во иста година“ – напиша таа, споделувајќи фотографии „некогаш и сега“ од Лејди Гага.

Лорен Бон, уште пред две години напиша текст за своите емоции кога ја пронашла групата.

Кога бев бруцош на Универзитетот во Њујорк, а Facebook постоеше само една година…, се сеќавам дека наидов на Facebook група која ми го скрши срцето. Името ѝ беше: „Стефани Германота, никогаш нема да бидеш славна“.

На страницата имаше фотографии од млада 18-годишна студентка од Њујорк со лице како Нора Џонс, која пееше и свиреше пијано во локални барови. Групата беше преполна со коментари, остри како игли, кои ја клеветеа младата музичарка дека е желна за внимание. Многумина прашуваа: „Што се замислува дека е?“ Се сеќавам дека едно момче имаше постирано флаер за нејзина претстојна свирка во локален селски бар. Очигледно беше дека го имаше згазната, бидејќи имаше отпечаток од неговата каллива обувка околу нејзиното име.

Не можам да ви го опишам тоа чувство на гнасење кое го имав додека прелистував на таа Facebook страница, но многу брзо заборавив на таа група и на девојката со очи како гавран.

До пред пет години, кога читав статија за Лејди Гага.

… БОЖЕ, вреснав во празниот автомобил. ЛЕЈДИ ГАГА Е СТЕФАНИ ГЕРМАНОТА? СТЕФАНИ Е ЛЕЈДИ ГАГА?

Чувствував коктел од емоции. Но, и срам. Срам што никогаш не пишав на таа група, срам што никогаш не ја одбранив девојката со очи како гавран, девојката чии смели флаери беа газени.

Но, повторно брзо го заборавив тоа откритие и тоа чувство. Чувствата, тие се толку минливи.

Минатата недела, наидов на едно меме и се сетив на калливиот отпечаток околу нејзиното име, превртувањето на очите, кукавичките виртуелни исмевања, прашањата „Што се замислува дека е?“

Имам многу чувства, но она кое го чувствувам најјасно е БЛАГОДАРНОСТ.

Стефани, ти благодарам. Ти благодарам што секогаш мислеше дека си суперѕвезда, што ги користеше твоите пукнатини за да ја пуштиш твојата светлина да блесне. Луѓе, да го следиме нејзиниот пример.

When I was a freshman at NYU and Facebook was only a year old and people created/joined groups like "I have dimples,…

Gepostet von Lauren Bohn am Sonntag, 17. Januar 2016
Прочитајте и...  Беше слатката актерка од „Сексот и градот“, но сега прозборе за паѓањето на косата и алкохолот: Каков живот живее Шарлот денес?

Најпопуларно


To Top