Текстови и колумни

Ти сè уште живееш во мене, иако те нема..

Не сакам да помислам на тоа дека те нема, не сакам да го замислам животот без тебе, не сакам и не можам да издржам ниту една минута без тебе.

Мислам на деновите кога беше до мене, самата помисла на убавите моменти ме прави тажна, се она што е посилно од мене пука на мали ситни парчиња, исто како кога огледало ќе се скрши.

Во раце држам една фотографија од многу одамна, ти до мене, а јас со тебе среќна.

Зарем цел живот вака ќе ја гледам оваа фотографија? Секој ден ќе те мислам толку многу колку што те носам во срцево. Секоја секунда без тебе изгледа како еден цел век.

Така требаше да биде.

Си велам.

Денес пишувајќи решив да напишам за тебе. Ова не е дарба, ова не е талент, ова се моите чувства од дното на моето срце, толку сокриени длабоко, но искажани во мисли.

Прочитајте и...  Иднината на човештвото. Кој ќе победи во оваа трка?

Се присетувам на моментите кога заедно игравме во дворот, кога ме учеше да возам велосипед и кога паѓав неколку пати, а кога ќе заплачев ми велеше: се ќе биде во ред, знам дека мојата ќерка е силна.

Знам дека ќе порасне, а јас ќе бидам најсреќниот татко на светот.

И еве денес, секогаш наоѓам време за нашите места, на местата каде што имаше среќа  и љубов.

Кај си сега? Да ме слушнеш. Кај си да ме гушнеш, да ме потсетиш дека си до мене иако повеќе не си до нас.

Би била среќна, кога барем секој ден им кажувате на вашите родители колку ги сакате.

Да не се лажеме, денес најдобрите пријатели и најголемата поддршка е од нив, од луѓето кои денес се причина за нашето постоење.

Збунета сум од приказните и муабетите што често ги слушам, како тоа вие сте биле многу поврзани? Јас не можам така.

Па да пријателе, да знаеш колку денови се радувале за твоето доаѓање на овој свет, да знаеш колку многу се секираат за тебе.

Прочитајте и...  Каде си?

За жал, постојат и луѓе без душа, без човечност.

Да напоменам, после загубата на нечиј родител останува да се продолжи напред, а не да се зборуваат чудесни работи.

За сите родители што прерано не напуштија.

За ангелите во рајот.

За луѓето кои сè уште живеат во нас.

Автор: Сања Симјаноска

Најпопуларно


To Top