Седумнаестгодишен кумановец по прекинувањето на љубовна врска со 15-годишно девојче, креирал лажен профил на „Фејсбук“ и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.

Фото: Илустрација
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15-годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката, се наведува во соопштението на СВР Куманово.
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.