Тинејџер си го уби семејството, меѓу починатите и шестмесечниот брат

Четиринаесетгодишник во САД застрела пет члена од своето семејство во државата Алабама, соопшти локалната полиција.

killer

Тинејџерот се јавил сам во полиција и рекол дека застрелал пет члена на неговото семејство во домот, објави канцеларијата на шерифот на округот Лајмстон, на границата со Тенеси, јужно од Нешвил.

„Тој сега им помага на истражителите да го најдат оружјето, пиштол со калибар од девет милиметри за кој рече дека го фрлил во околината“, наведоа властите.

Три лица починале на местото на нападот, а двајца биле однесени во болница во критична состојба каде им подлегнале на повредите, соопшти полицијата.

Според американските медиуми, загинати се 38-годишниот Џон Сик, 35-годишната Мери, како и три браќа и сестри на убиецот – шестгодишно дете, петгодишно девојче и шестмесечно бебе.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.