Седумнаесетгодишно момче успеало да украде автобус во Србија и со него да се повози низ Белград за време на протестот на таксистите низ главниот град на Србија.

gsp2

Според српските медиуми, возачите на автобуси брзо забележале дека еден автобус недостасува, па откако пријавиле во полиција, момчето веднаш било уапсено.

Како што некои медиуми тврдат, момчето му било добро познато на возачите, бидејќи „обожавало да се дружи и да разговара со нив“.

Според српските медиумите 17-годишникот немал возачка дозвола.

Возачот на автобусот тргнал во потера по момчето кое го украло автобусот и го пресретнал со својот автомобил попречувајќи му го патот. Го извлекот од автобусот и чекал доаѓање на полицијата.

-Ја завршив првата смена и го оставив автобусот на последната станица бидејќи колегата доцнеше неколку минути поради протестот на таксистите. Автобусот го паркирав, ја затворив врата и тргнав кон дома, кога колегата ми се јави и ме праша „Каде е автобусот?“. Мислев дека се шегува – вели возачот за „Србија данас“.

Прочитајте и...  Веднаш по неговата смрт: Исчезнало писмото во кое Тито напишал кој треба да го замени

Како што раскажува тој успеале да го лоцираат автобусот со помош на авто-центарот.

-Возев позади автобусот некое време. Не знае кој е зад воланот и не смеев да реагирам затоа што имаше патници. Се плашев да не испаничи и да не повреди некој од патниците. Целата траса ја возеше како професионалец. Ниедна грешка не направи, ниту пак промаши некоја станица. Кога сврте кон Видиковец застанав пред автобусот и му го попречив патот. Со раце ја отворив вратата и влегов во автобуст. Пред себе видов тинејџер. Бев шокиран. Ми рече „Немој брате!“, го фатив и го изнесов од автобусот – раскажува 40-годишниот возач.

Против момчето ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено користење на туѓо возило, информираат српските медиуми.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за