Титаник исчезнува, еден дел целосно го нема: Шокантни снимки на новата експедиција (ФОТО+ВИДЕО)

Истражувачите по 15 години повторно нурнаа до остатоците на Титаник, 107 години по неговото потонување.

Titanicwreck1812

Снимките кои ги објави Би-Би-Си станаа хит на Интернет, а многумина добија шанса да видат како изгледаат остатоците од бродот кој повеќе од еден век лежи на дното на Атлантикот.

Историчарот Паркс Стефенсон вели дека некои работи кои ги видел за време на нуркање биле навистина шокантни.

TitanicWreck1812 4

-Кадата на капетанот беше омилена слика меѓу ентузијастите на Титаник, а сега воопшто ја нема, вели тој.

TitanicWreck1812 2

Кадата била снимена од истражувачите за време на мисијата во 2004 година и таа веднаш стана најинтересната слика од остатоцитена бродот. Сега речиси целосно е исчезната поради корозија, морски струи и бактерии кои го јадат металот. Цел ден од бродот на кој се наоѓала кабината на капетанот е исчезнат.

TitanicWreck1812 1 1

Бродот како целина се уште е како целосно парче, но и тој во иднина ќе исчезне.

TitanicWreck1812 1

Сите снимки од оваа експедиција ќе бидат прикажани во документарен филм.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.