Филм & ТВ

Том Круз ќе снима филм во вселената

Актерот Том Круз во соработка со Илон Маск и НАСА веќе започнале да го планираат снимањето на првиот филм кој ќе се снима во вселената, односно на Меѓународната вселенска станица.

Филмот нема да биде дел од „Невозможна мисија“, но ќе спаѓа во жанрот акција-авантура. Проектот е се уште во рана фаза на развој

Се уште не се знае кое филмско студио ќе биде дел од проектот, и е во фаза на ран развој, така што сигурно ќе помине долго време додека идејата премине во реализација.

Веста беше и официјално потврдена, од страна на администраторот на НАСА, Џим Бриденстајн:

„Од НАСА сме возбудени што ќе соработуваме со Том Круз за филм на Меѓународната вселенска станица. Популарните медиуми треба да инспирираат нова генерација инженери и научници, кои ќе ги направат амбициозните планови на НАСА реалност“, напишал тој на Twitter.

Колку Том Круз ја сака авантурата, и надминувањето на границите, говори и фактот што улогите кои би требало да бидат подвизи за каснадерите, тој ги прави сам во неговите филмови, па така можеби и очекувано е што токму Круз ќе учествува во студиото од вселената .

Прочитајте и...  Оваа вест ќе ги израдува фановите на „Самрак“

Најпопуларно


To Top