Случувања

Тони Цетински и по 13 години со емотивен статус посветен на нашиот Тоше

Хрватскиот пејач Тони Цетински денеска на еден ден пред годишнината од смртта на нашиот легендарен пејач Тоше Проески се потсети на него со емотивен статус на социјалните мрежи.

„13 долги години“

„Утре некаде ова време нѐ напушти физички, но само физички брату мој. Не можам да верувам колку многу недостасуваш и ден денес и колку е тешко за нас што замина толку рано. Животот навистина не е фер.
Ме прашуваш каде сум и што правам?
На пат, се разбира, и дождот е одвратен, но твојата насмевка е НАДЕЖ која во денешната чудна и злобна ера е толку многу потребна. Ќе биде сѐ во ред се додека те имаме тебе кој не чува со своето присуство, песни и сите добрини кои ги остави на овој свет. Ти си ангел на добрината. Знам дека нѐ чуваш онолку колку што треба и да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сака, твојот брат“, пишува во емотивниот статус Цетински.

“13 dugih godina” Sutra negdje u ovo vrijeme napustio si nas fizički ali samo fizički brate moj. Ne mogu vjerovati…

Posted by Tony Cetinski on Среда, 14 октомври 2020
Прочитајте и...  Весна Бејби: Помислувам многу често како ќе пееше денес, на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен…

Најпопуларно


To Top