Видео

Видео: Топ 10 плажи на вториот крак на Халкидики

Плажите на Ситонија брзо ќе ви станат едни од омилените, бидејќи во главно имаат примамлив бел песок, кристално бистра и тиркизна вода, како и пријатна атмосфера за опуштање.

И додека поголемиот дел од плажите на првиот крак се слични, плажите на Ситонија раскажуваат различна приказна.

Не е лесно да се одберат најубавите, но ќе се обидеме.

Листата слободно може да ја дополните и проширите со ваши предлози во коментари.

Orange beach (Kavourotripes)

Најпознатата плажа на Ситонија, посебно помеѓу оние кои сакаат авантуристички и недопрени места. Само внимавајте, бидејќи во екот на сезоната секогаш е полна.

585 orange beach 8
585 orange beach 8

Karidi

Егзотиката на Ситонија се наоѓа токму тука. Многу лесно ќе се прелажете дека сте на некој остров на Кариби, што секако не е лошо.

2 2
2 2

Trani Ammouda 

Скоро 2 километри долга плажа која ќе ве остави воодушевени заради погледот на Атос. За гужви не мора да се грижите, бидејќи има место да ја собере цела Ситонија. Супер е за целодневно излежување.

maxresdefault 3
maxresdefault 3

Kalogria

Песочна плажа со природна ладовина. Оваа плажа во сезоната е многу посетена, заради што е пожелно да одите порано. Најубавиот дел е оној близу Mango хотелот.

557 kalogria beach 7
557 kalogria beach 7

Lagomandra

Супер чиста и уредна плажа, за оние кои не сакаат многу да истражуваат, туку играат на сигурно. Одлична е за со дечиња, за заљубени парови и за млади.

lagomandra beach sithonia 2
lagomandra beach sithonia 2

Kalamitsi

Плажа која има апсолутно сè – чисто море со прекрасна боја, ситен песок, простор колку што сакате, дел кој е одлично опремен со чадори и лежалки, како и таверни на самата плажа.

581 kalamitsi beach 11
581 kalamitsi beach 11

Lagonisi 

Организирана е одлично и најголемиот дел од неа му припаѓа на кафулето, па треба да имате на ум дека простор за лична опрема нема многу. Плажата е позната по тиркизната вода и ситниот песок.

lagonisi beach sithonia 2
lagonisi beach sithonia 2

Koviou 

На 6 километри од Никити, оваа малечка плажа е со прекрасна боја на морето и со малку природна сенка. Одлична е за нуркање и авантури под вода.

173 1452773867 f9c0c3e4ca39c7ee8c0c08756a0b03dc halkidiki akti koviou beach 02
173 1452773867 f9c0c3e4ca39c7ee8c0c08756a0b03dc halkidiki akti koviou beach 02

Klimataria

Се наоѓа на југот на Ситонија. Водата е плитка на подолга далечина, има ситен песок и чиста вода. Совршена е за семејства со мали дечиња, иако во последно време почнува да се полни со гужва.

740
740

Mega portokali

Се наоѓа 700м по плажата Orange. Плажата е мала и тесна, но водата е тиркизна и многу бистра.

mega portokali beach sithonia chalkidiki 159
mega portokali beach sithonia chalkidiki 159
Прочитајте и...  Краток анимиран филм: Господин Индиферентен

Најпопуларно


To Top