Живот

Топ 3 вежби за брз тренинг кои можете да ги правите дома

Ставете крај на празничната пасивност, посветете само 20 минути на себе и направете ги следните 3 вежби кои ќе ви помогнат да му се вратите на предпразничниот изглед.

ДВОЈНО ПОДИГАЊЕ НА НОЗЕТЕ

Инструкции: Легнете на десната страна, така што нозете да ви бидат во права линија. Испружете ја десната рака и на неа потпрете ја главата. Започнете да ги подигате двете нозе кон таванот, притоа држејќи ги глуждовите споени, а прстите на нозете насочени нанапред (како на сликата).
Бавно спуштете ги нозете на подот.
За да завршите една серија, повторете ја вежбата 12 пати.
Направете вкупно 3 серии со по едноминутна пауза помеѓу нив.
Потоа, легнете на левата страна и продолжете со уште 3 серии.

СПУШТАЊА ЗА ТРИЦЕПСИ

Инструкции: Седнете на работ на стабилен стол или на тврд кревет. Поставете ги дланките до колковите така што прстите да го држат работ на столот. Користејќи ги рацете подигнете ги колковите и донесете го задникот пред столот (како на сликата).
Свиткајте ги лактите и спуштете го задникот надолу.
Во идеален случај лактите би требало да бидат под прав агол кога сте во најниската положба. Со помош на мускулите на рацете подигнете се нагоре.
Направете 12 повторувања, притоа внимавајќи грбот да е што поблиску до столот.
Потоа, направете уште 2 серии со по едноминутна пауза помеѓу нив.

ПОДИГАЊЕ НА КОЛКОВИТЕ

Инструкции: Легнете на подот на грб и свиткајте ги колената под агол од 90°. Поставете ги петиците на ниска масичка, стабилен стол или кревет. Прстите на нозете треба да се насочени кон таванот, а рацете да се испружени покрај телото.
Стегнете ги мускулите на задникот и подигнете ги колковите за да направите „мост“ (како на сликата). Вратете се во првата положба.
Направете 15 повторувања.
Одморете се и направете уште една серија.

Извор: femina.mk

Прочитајте и...  Пет брзи трикови за врнежливи денови! (ВИДЕО)
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top