Топ 5 природни маски за лице

Разните креми кои ги употребуваме не се секогаш доволни за кожата да биде здрава и убава. Поради тоа ви ги препорачуваме овие маски за лице кои може
да ја подмладат вашата кожа. Постојат разни видови маски за лице кои делуваат различно за секој тип на кожа. Природните маски ги чистат порите, ја одржуваат цврстината на кожата и го намалуваат црвенилото. Дури и оние
кои немаат проблематична кожа треба да ги пробаат. Кога ќе ја најдете маската која најмногу ѝ одговара на вашата кожа и го добивате најдобриот ефект од неа, користете ја барем еднаш неделно.

Маска за лице од белки

maskazaliceodbelki

Маската за лице од белки од јајца се препорачува за оние со потечени очи, ситни брчки и големи пори. Придобивките од неа се затегната кожа. Ако ве загрижуваат ситните брчки и потечените очи, маската
од белки е совршена за вас. Оваа маска за лице се препорачува за лица со масна кожа и кожа склона кон акни. Освен тоа, тие го успоруваат процесот на стареење на кожата, ги стеснуваат порите и ги затегаат малите брчки. Жолчките пак, се идеални за сува кожа бидејќи во себе содржат холестерол кој ја хидрира кожата и истовремено ја подмладува. Маската од белки нанесете ја на вашето лице и оставете ја да се исуши 15 минути. Веднаш ќе осетите
затегнување на кожата. Потоа со топла вода измијте го лицето. Оставете го да се исуши и нанесете хидратантен крем.

Прочитајте и...  Една година секое утро пиела вода со мед и лимон: Она што и се случило, ги изненадило и докторите!

Маска од тиква и мед

meditikva

Маската од тиква и мед се препорачува за сите типови на кожа. Таа исто така ќе ви помогне да ви се стеснат проширените пори на лицето и да се намали појавата на ситни брчки. Сè што треба да направите е да измешате неколку лажици пире од тиква со шлаг од една белка, потоа да се додаде една лажица јогурт и една лажица мед. Оваа маска ќе ви направи убав пилинг на вашето
лице и нејзиното антибактериско својство ќе ви помогне во борбата против акните. Маската може да ја нанесете на целото лице, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете ја маската на вашето лице околу 10 минути, а потоа измијте го со топла вода.

Маска од црвено вино

Basically Red Wine 02

Црвеното вино се смета за одличен антиоксиданс. Кажано е дека една чаша
црвено вино на ден е здраво да се консумира за вашето здравје, па истото важи и за вашата кожа на лицето. Црвеното вино се смета за одличен anti-age препарат кој ја затегнува вашата кожа. Исчистете го вашето лице и нанесете ја маската. Промешајте во 45мл црвено вино една белка и малку мед, така добиената маска ќе треба да ја држите на вашето лице од 10 до 15 минути. Оваа маска за лице се препорачува за кожа во триесетите години.

Прочитајте и...  Природните богатства ни тонат во ѓубре: Маврово и реката Дрим полни со расфрлан отпад

Овесна каша и босилек

AN491 Oats 732x549 thumb

Овесната каша сите ја консумираме за доручек. Сега ви ја претставуваме како
нега за вашата кожа на лицето. Таа помага во борбата со акните и темелно ја чисти и мазни кожата. Исто така босилекот помага во борбата против акните. Овесните снегулки помешани со вода може да се користат како маска за лицето, а босилокот како лосион. Доколку ги користите заедно, тие се моќна
комбинација која делува пријатно на вашата кожа. Во чаша со жешка вода ставете 2 до 3 мали гранки сув босилек и оставете ја додека не постигне собна температура. Овесните снегулки ставете ги во блендер за да истиснат. Кога босилекот ќе се олади, ставете од него во истиснатите овесни снегулки.Смесата треба да биде доволно густа за да се нанесува на лицето без да тече. Маската оставете ја да делува 20 минути, а додека го миете лицето правете кружни движења за да ја ексфолирате кожата.

Солена вода

1552355676010

Солта е совршена за пилинг како и природен начин за чистење на вашата кожа. Оваа маска или пилинг за лице се препорачува за лица кои имаат попроблематична кожа, склона на акни. Освен тоа што солта ги прочистува
порите, таа ги суши веќе појавените акни. Пливањето во вода со морска сол е одличен третман за вашата кожа особено за акните. Во зимскиот период користете ја солта во домашни услови. Сè што треба да направите е да купите морска сол, крупна и во солта додавајте една по една лажичка вода. Постојано мешајте и постепено додавајте вода сè додека не добиете густа смеса во вид на паста. Оставете ја смесата да стои 10 минути. Потоа кога малку ќе се стврдне,
нанесете ја на вашето лице и оставете ја да делува 20 минути. На крајот измијте го лицето со топла вода. Акните се голем проблем за тинејџерите и за возрасните. Секој кој се соочил со ваков проблем знае дека не постои еден лек кој магично ќе го реши проблемот еднаш засекогаш. Поради тоа маските за
лице треба да бидат главен дел од негата на кожата склона на акни.

Прочитајте и...  Светот полуде по оваа метода: Ставаат алуминиумска фолија во уста, а резултатите се неверојатни
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.