Случувања

Топ 6 бесплатни апликации за видеоконференции

Видеоконференциите Ви овозможуваат да разговарате лице в лице со другата личност преку екран. За среќа, има многу бесплатни апликации кои можете да ги користите. Во продолжение листа од најдобрите 5 апликации:

Google Hangouts

Поддржува: До 10 учесници, неограничено времетраење.

Доколку имате сметка на Google, имате пристап до Google Hangouts. Корисниците на Gmail и G Suite Basic, бесплатно можат да вклучат до 10 луѓе на видео повик. Оваа услуга исто така им овозможува на корисниците да се приклучат на конференцијата преку email или споделен линк.

Како последица на кризата настаната од коронавирусот, Google укина некои рестрикции кога станува збор за образовниот процес. Така, сега на видеоконференциите можат да се вклучат до 250 лица.

Оваа апликација дава можност и за снимање и зачувување на видеоконференциите директно на Google Drive.

Google Hangouts можете да ја користите на многу веб-прелистувачи, како и на вашиот телефон – iPhone или Android.

CISCO Webex Meetings

Поддржува: До 100 учесници, неограничено времетраење.

Прочитајте и...  Полицаец носи кацига во форма на коронавирус за да ги предупреди граѓаните да не излегуваат надвор

На оваа апликација нема ограничување за бројот на повици кои можете да ги направите и добивате 1GB cloud меморија заедно со вашата бесплатна сметка. Конференциите вклучуваат функции како што се споделување на екран, снимање видео и споделување датотеки.

Webex им овозможува на корисниците во 52 земји да користат стандарден телефон за да се приклучат на секоја конференција. Корисниците кои сакаат да користат камера можат да се вклучат преку веб-страницата, десктоп апликација или мобилните апликации за iPhone и Android.

Zoom Meetings

Поддржува: До 100 учесници, 40 минути.

Конференциите со повеќе од 3 корисници се ограничени на 40 минути. Ова времетраење може да се зголеми со одредена доплата. Нема ограничувања на бројот на состаноци кои можете да ги одржите, па кога ќе го достигнете лимитот од 40 минути, можете да започнете нов повик.

Можете да се приклучите преку веб страницата, десктоп апликација или преку мобилните апликации за iPhone и Android.

Skype

Поддржува: До 50 учесници, неограничено времетраење.

Прочитајте и...  Потврдено е, имам коронавирус: Член на жирито на Ѕвездите на Гранд е заразен, а има само една порака за сите

Skype е популарна VoIP апликација за која повеќето корисници слушнале досега. Погодна е за видеоконференции за мали тимови до 50 лица (вклучувајќи го и повикувачот), бесплатно.

Главниот недостаток за користење на Skype на овој начин е што секој учесник ќе треба да се регистрира и да преземе Skype апликација, без разлика дали станува збор за десктоп или телефон.

FreeConference

Поддржува: До пет учесници во видеоконференција и 1000 учесници во аудиоконференција со неограничено времетраење.

Спротивно на ова што ни укажува името, FreeConference не е бесплатна услуга. Тоа e premium услуга со пристојна бесплатна опција што може да биде корисна во некои случаи. За видео конференција, FreeConference поддржува само до 5 учесници на бесплатно ниво.

Тоа што ја прави добра оваа апликација е можноста да се јават до 1000 аудио корисници преку нивните телефони.

FreeConference нуди и мобилни апликации за iPhone и Android, кои се отворени за бесплатни корисници. За жал, не постои можност бесплатно да го снимате вашиот повик.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Објавен трејлер од првиот филм за коронавирусот

Jitsi

Jitsi

Поддржува: „Неограничен“ број на учесници, неограничено времетраење.

Jitsi е 100% бесплатна услуга. Можете да користите хостирана верзија на meet.jit.si или можете да симнете апликација за iPhone и Android.

Најпопуларно

To Top