in

Топењето на Арктикот претствува ризик за исчезнување на поларните мечки

Рекордното намалување на мразот по топлите бранови им ги намалува дувлата на бремените поларни мечки.

Рекордното намалување на брзината на замрзнување во многу региони на Арктикот оваа зима им прави потешкотии на бремените поларни мечки да ги најдат своите дувла.

Задоцнетото формирање на морски мраз на есен ги загрижи биолозите, кои стравуваат дека првиот „настан на екстирпација“ – локално исчезнување на некој вид – се приближува побрзо од предвиденото.

Водите околу Свалбард, архипелаг помеѓу Норвешка и Северниот Пол, имаат малку повеќе од половина на просечните количини на мраз во ова време од годината.

Октомври исто така забележа големи разлики од претходните години, особено во Баренцовото море, каде што имаше страшно топло време во Февруари и Август. Научниците велат дека овие промени, кои се создадени од човечкото затоплување на планетата, го попречуваат однесувањето на видовите кои зависат од дебелиот зимски мраз, како нарвалите, фоките, белугите и поларните мечки.

„Реструктуираме цел екосистем. Морскиот мраз е за Арктикот тоа што почвата е за шумите. Без морскиот мраз ќе имаме екосистем, но тој нема да ги вклучува поларните мечки и многу други видови“ – твитна научникот Андреј Дерочер, кој ги студира мечките 35 години.

Прочитајте и...  Оставил бакшиш од 9.000 евра за да им помогне на келнерите за време на пандемијата на коронавирусот

Поради закаснувањето на формирањето на мразот, мечките мора да чекаат подолго за да ловат фоки, што значи дека ги пропуштаат деновите за хранење на есен, што се значајни за нив за да складираат масти.

Најбитната загриженост е за бремените женки, кои нормално патуваат преку мразот ова време од годината до нивните дувла во Хопен и други острови кои се важни за репродукција, рече Џон Арс од Норвешкиот Поларен Институт.

„Доколку не се формира мраз следните неколку недели, бремените женки ќе мора да пливаат“ рече тој, потсетувајќи дека ова бара пет пати повеќе енергија и ги намалува резервите на масти кои се важни за производство на млеко и за израстување на младите мечиња.

Се предвидува дека Арктикот ќе го изгуби мразот до 2040 година.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote