ТРАГЕДИЈА: Млад живот згасна во сообраќајка во Скопје

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа рано утрово во Скопје, дознава КУРИР.

Лицето кое загина е 38-годишниот скопјанец Д.П. Починал на лице место.

КУРИР побара одговор од МВР за трагедијата, а од таму информираат:

-На 28.08.2019 во 03:48 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ патничко моторно возило „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (22) од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво. Во незгодата сопатникот Д.П.(38) од Скопје, починал на местото на настанот. Возачот Ф.Б. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од СВР Скопје, стои во одговорот на МВР за КУРИР.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.