Случувања

Трагедија: Славниот рок музичар пронајден мртов

Фронтменот на рок-групата „Карс“, Рик Окасек беше пронајден мртов во стан во Њујорк. Полицијата вчера соопшти дека властите реагирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била констатирана смрт.

Нема знаци на насилство и напад. Причината за смртта на рокерот ќе биде утврдена по обдукцијата.

Меѓу најпознатите хитови на „Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се „ Just What I Needed“, „Shake it Up“ и „Drive“.

Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните. (МИА)

Прочитајте и...  Во Италија излекувана првата личност заболена од коронавирус со лекот „Ремдесивир“
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top