Трагедија во Македонија: Почина 13-годишно девојче во бизарна несреќа

mvr 1

Тринаесетгодишно девојче денеска починало откако врз него паднала статива во  Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница. 

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.