Трагедија во Србија: Девојка се забавувала на моминска вечер, а одеднаш се срушила на подот и починала

Ивана Ружиќ од Зрењанин, апсолвентка на Педагосшки факултет, и се слошило за време на моминка вечер на својата другарка во ноќен клуб, вечерта помеѓу сабота и недела, а наредниот ден починала.

Се сомнева дека причина за смртта бил тромб.

Откако таа загубила свест била префрлена во болница, па наредното утро починала.

„Ивана славела со своите пријателки и оддеднаш само се срушила на подот. Во болница се обидувале да ја вратат во живот, но за жал без успех- навел извор близок до истрагата.

Телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смрт.

„Ивана никогаш не пиеше, а камо ли да се дрогира. Беше девојка за пример. Заврши педагошки факултет, остана само дипломската- вели незјин познајник.

Од локалот во кој се случила несреќата велат дека целата случка се одиграла во летната бавча и дека девојката цело време била весела и се забавувала.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.