Случувања

ТРАГЕДИЈА: Загина најбрзата жена во светот (ВИДЕО)

Телевизиската презентерка и „најбрза жена во светот“, 30-годишната Џеси Комбс загина во несреќа во пустината Алворд, додека се обидуваше да го урне сопствениот рекорд.

Деталите за несреќата не се познати. Сепак, според американските медиуми, 36-годишната Американка загинала обидувајќи се да го урне рекордот.

-Нејзиниот сон беше да стане најбрзата жена на Земјата. Таа беше една од ретките сонувачи со храброст да ги претвори соништата во реалност и возеше побрзо од која било друга жена во историјата, објави нејзиното семејство.

Во септември 2013 година, Комбс стана најбрзата жена на четири тркала во светот.

Тогаш таа достигна брзина од 631 км/час додека возеше автомобил на млазен погон North American Eagle Supersonic Speed.

Инаку, Eagle е возило составено од остатоци од млазен авион F -104 Локид Стартфајтер.

https://www.youtube.com/watch?v=b2zBhijWP7I
Прочитајте и...  Тинејџер ги дрогирал колегите од работа за да му бидат позабавни
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top