Случувања

Tраги од бомби од нуклеарни тестирања на дното на океанот

Животните што живеат во најдлабоките делови на океанот во себе носат радиоактивен јаглерод, наследство од нуклеарните тестови спроведени за време на Студената војна. Научниците неодамна открија зголемени нивоа на радиоактивен јаглерод во амфиподи, суштества што личат на шкампи, кои живеат и до 11 километри под површината на водата.

amphipiertney41 220165

Во тие темни длабочини, каде што притисокот е висок, амфиподите бараат органски материјал што тоне од површината. Јадејќи ги остатоците од животни кои биле изложени на радиоактивност од Студената војна и на нуклеарни тестови, телата на амифиподите сега се полни со јаглерод, односно изотоп 14, исто така познат како јаглеродна бомба.

Во една нова студија, научниците истакнаа дека ова е првиот доказ за покачено ниво на радиоактивен јаглерод на дното на океанот.

Кога глобалните гиганти ги детонирале своите бомби во педесеттите и шеесеттите години, експлозиите испратиле неутрони во атмосферата. Таму, неутрални честички реагирале со натриум и јаглерод и произведоа јаглероден изотоп 14, кој потоа се вратил во океанот, а потоа бил апсорбиран од морскиот свет. Мало количество изотоп 14 природно се појавува во атмосферата, но во текот на шеесеттите години, радиоактивниот јаглерод бил речиси двојно повисок од оној кој бил присутен пред нуклеарното тестирање. Тие нивоа не почнаа да се намалуваат сè додека тестовите не беа прекинати. Кратко време по првите нуклеарни експлозии, зголемени количества изотоп 14 се појавија во телата на животините во океанот во близина на површината.

Прочитајте и...  Марија во карантин ja милува душата на фановите со изведба на големиот хит на Тоше Проески

За новата студија, научниците отидоа подлабоко, истражувајќи ги амфиподите собрани на три локации во Западниот Пацифик. 

Независне новине – Бања Лука

Најпопуларно


To Top