Животни приказни

Тренер по бокс посвоил двајца браќа и ги спасил од насилен дом

Џек Мук е 22 годишен детектив во полицијата во Питсбург. Во слободно време, волонтира во „Steel City“ школата за бокс кадешто учи подпривилегирани деца како да боксуваат. Еден ден тој сфатил дека двајца од неговите редовни ученици не се појавиле неколку часа, па отишол да истражува. Тој ги нашол двете момчиња во неговиот дом, каде што нивните родители ги тепале.

Лево кон десно, Џош, Џек и Џеси.

Џош и Џеси се браќа. Тие се родени во сиромашен дом и нашле расолниште во школата за бокс. Џош еднашка се потсетил, „моите родители, како што им кажувам на сите, секогаш не сакаа. Но не можеа да се грижат за себеси. Затоа спиевме во комбиња и приколки. Не беше одлично место за спиење. Кога влегував во школата за бокс – имаше многу пријателство. Запознав многу нови другари.“

Џек им пружал многу внимание на децата кои биле во школата, а еден ден приметил дека Џош и Џеси престанале да доаѓаат. Џек рекол, „Се загриживме за нив. Зборувавме за тоа. Тргнавме да ги бараме.“ Тој ги пронашол момчињата, и сфатил дека нивните родители го изгубиле старателството врз нив поради нивната борба со дрога. Биле оставени во грижата на нивната фамилија, каде што не спиеле по приколки, но биле злоупотребувани. Џек се сеќава, „Конечно го најдов Џош во Декември, веднаш пред божиќ. Не изгледаше добро. Му фалеа делови коса. Некој вид на црвенило на неговиот врат. Псориаза. Убоди од болви. И Џош и јас тргнавме надвор за да му земам нешто за јадење.“ Џош бил многу тивок за време на возењето. Џек одлучил да зборува со него. „Наместо да бидам тренер, во тој момент бев полицаец. ‘Штосеслучуваовде, Џош?’ Мора да ми кажеш што ти прават.“ Тоа беше моментот кога Џош повеќе не можеше да го чува ова во себеси, и се расплака, раскажува Џек. „Има измет од куче на теписите. Не тераат да го чистиме со нашите четки за заби.“

Откако Џош му раскажал на Џек за овие ужасни приказни како ги злоупотребуваат момчињата, Џем му кажал на Џош „Џош, држи се. Внимавај на твојот брат. Да видам што можам да направам. Кога стигнав дома, се чувствував себично и виновно што имав цела куќа за себеси, а овие момчиња поминуваа низ се тоа. Па направив одлука да одам и да ги земам со мене.“ Во тој момент, Џек започнал со постапката за превземање на старателството. Имал цела куќа за себеси, па зошто да не ги прими и овие две момчиња на кои им треба безбедна околина. За среќа на Џек, вујкото и вујната на момчињата имале сериозни проблеми со законот, и постапката била брза. Џош повторно се сеќава, „штом влеговме во колата со Џек, целиот стрес, целата лутина, депресијата, се, излезе од мене.“

Неколку години се поминати од овој случај, но Џек ги посвоил двете момчиња. Тој вели, „кога судијата ги донесе документите за посвојување, сфатив зошто Гринч го доби тоа големо срце на крајот на филмот. Тогаш осетив… Смеа, среќа, нивните лица беа исполнети. Нахранети. Тие се здрави момчиња.“

Прочитајте и...  Бремена невеста почина на пат кон венчавката: По трагедијата, се случи Божјо чудо

Најпопуларно


To Top