Во текот на вчерашниот ден,  болницата „Плодност“ се породија тројки од програмата на ИВФ. Породувањето е завршено со царски рез во 35-тата гестациска недела, а породени се две машки и едно женско бебе.

Породувањето го направи дежурната екипа д-р Марија Христовска и д-р Христијан Трпчевски, неонатолог д-р Маргарита Камбовска, анестезиологот д-р Трајан Ивановски и дежурните медицински сестри од повеќе оддели во болницата.

„Ова е трета тројка годинава. Една пациентка од Струга се породи пред два месеци на ГАК во Скопје, а другата од Кочани во Систина. Во овој момент има мајка која носи тројка и бебињата во 21 гестациска недела“, вели д-р Христијан Трпчевски.

Во однос на самата ИВФ постапка, кај мајките се вратени по два ембриони. Во два случаи, едниот од нив се подели на два еднојајчани.

„Процентот на тројки изнесува 3 промили, односно 3% на 1000 новородени кај пациенти кои се оплодени со ИВФ постапка. Сега истиот процент е намален на 1,3%, будејќи враќаме само два ембриони, со цел да се избегнат компликациите кои може да ги даде повеќесложната бременост“, потврдува прим. д-р Таше Трпчевски, шеф на одделот за хумана репродукција и сопственик на приватната болница „Плодност“ Битола.

Прочитајте и...  Постојат само уште две бебиња на светот како Александар, затоа мајка му се откажа од него

На гордите родители кои се од Охрид и добија тројка, тимот на ИВФ и целиот персонал и посака среќно и успешно родителство, информираат од болницата.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде