Случувања

Третата ќерќичка на Мила Јовович и Пол Андерсон пристигна на свет

Холивудската актерка Мила Јовович го роди своето трето дете. Третата ќеркичка синоќа пристигна на свет. Мила е во брак со режисерот Пол В.С. Андерсон (54), а веќе имаат две девојчиња.

Ѕвездата од филмовите „The Fifth Element“ и „Resident Evil“ открила дека пред две години имала спонтан абортус.

„Она што го доживеав, на никого не би му го посакала. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна во текот на целата постапка. Тоа беше едно од најстрашните искуствa кое некогаш сум го доживеала“, се присети тогаш Мила.

The Fifth Element actress also opened up about having suffered a miscarriage during her last pregnancy
Прочитајте и...  Раперката Ники Минаж заминува во пензија

Најпопуларно

To Top