in

Тргнал во кражба заедно со своето милениче, па и двајцата завршиле зад решетки: Фотографија од затворот го насмеа светот

Во притворската единица во Утрехт, Холандија, до пред два дена престојувал еден папагал, кој бил очевидец на грабежот кој го сторил неговиот сопственик.

Како што соопштиле од тамошната полиција, минатиот четврток привеле маж откако го фатиле како ограбува една продавница. Во моментот на апсењето, мажот на рамо го носел домашиот миленик, па птицата заедно со сопственикот била однесена во полициска станица. 

https://www.instagram.com/p/B23cLVtBa7k/?utm_source=ig_embed

На осомничениот набрзо му бил одреден притвор, а бидејќи полицајците немале кафез за птици и не знаеле на кого да му го поверат папагалот на чување, тој бил сместен во една од затворските ќелии. Припадниците на холандската полиција се погрижиле на папагалот да не му фали ништо и уредно му донеле сад со вода и две парчиња леб, за да “живее во нормални услови”.

Фотографијата од “уапсениот” папагал е објавена на нивниот официјален Инстаграм профил со објаснување како тој стигнал кај нив.

“По сослушување на осомничениот е донесена одлука дека тој и миленикот ќе бидат спроведени во притвор. Секако, се грижиме и за двајцата”, е наведено во описот од фотографијата.

Прочитајте и...  Агенција за модели најмува само модели над 45 години и ја предизвикува модната индустрија- нивните фотографии се воодушевувачки

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote