Дом и Градина

Трик од кој орхидеите ќе ви цветаат како „луди“

Орхидејата е една од најубавите собни билки. Главно ја купуваме кога е во цвет. Со текот на времето, цветовите отпаѓаат и после долг изминат период – орхидеата не процветува.

Просечната должина на цветање на орхидејата Falenopsis е три месеци. Обично цвета два или три пати годишно. Паузата помеѓу цветањето може да биде одложена и неколку месеци.

За да уживате по честото цветање на оваа билка, ќе ви помогнат следните совети.

Направете температурна разлика за орхидејата: ставете ја саксијата преку ноќ на поладно место (до 15 степени).

-Намалете ја количината на азот во прихраната. Фосфорот треба да има предност, бидејќи, во суштина овој минерал го стимулира цветањето.

-Навлажнувајте го воздухот околу билката.

-Преместете ја саксијата со орхидеја на некое темно место – 5 дена. За три седмици орхидејата треба да пушти пупки. Овој начин е погоден само за возрасни и здрави билки.

-Наместо полевање се препорачува во саксијата со орхидеја да се стават неколку коцки мраз, па така, таа побрзо ќе процвета.

Прочитајте и...  Ова се идеалните бои според Фенг Шуи за 2020 година

-Ако забележите дека кај нерасцветаната орхидеја активно растат корења и листови, значи дека има одговарачки начин на развој. Додека овој период не заврши, билката нема да процвета. Бидете трпеливи.

Најважната работа – обезбедете и одговарачка нега. Таа сака многу светлина и се плаши од претерана влага. За време на цветањето се полева по малку, двапати седмично, а за време на мирување – доволно е еднаш седмично.

Најпопуларно

To Top