Дом и Градина

Трик за лесно чистење на внатрешноста на прозорците

Знаеме дека стаклото може лесно да се исчисти, но штом ги отворите прозорците сигурно имате нечистотија и темни дамки. Можеби сте користеле различни средства, а чистењето е само делумно. Тогаш вреди да го примените овој трик за чистење на внатрешноста на прозорците!

Решението за беспрекорно чисти прозорци без нечистотии и мувла се крие во вашата кујна. А чистењето никогаш не било полесно. Пред да започнете со чистење, проверете дали имате:

  • бела киселина
  • сода бикарбона
  • кујнска хартија
  • крпа
  • стара четка за заби
  • нож.

Штом ги набавивте сите состојки и предмети од листата, време е да започнете со чистењето.

cistenje na prozorci

Започнете со сода бикарбона

Отворете ги прозорците и во внатрешноста ставете сода бикарбона. Најдобро ќе биде да користите лажица за да може да ја разнесете низ површината.

Земете ја белата киселина

Ставете малку бела киселина врз сода бикарбоната. Оставете ја да делува околу 10 минути. Притоа не ја оставајте премногу долго и внимавајте да не се исуши.

Прочитајте и...  Анџелина Џоли за прв пат ја отвори вратата на својот дом вреден 25 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Продолжете го чистењето со четка за заби

Земете стара четка за заби и добро исчеткајте ги валканите површини. Најдобро е нечистотијата да ја насочете од краевите кон средината.

Отстранете ја нечистотијата

Во овој чекор потребна ви е кујнската хартија. Земете еден до два листа, свиткајте ги и ставате ги во центарот, каде што ја насобравте нечистотијата.

Натопете ја кујнската крпа

Земете крпа за чистење и натопете ја. Со неа пребришете ја површината.

Со помош на нож и крпа поминете ги аглите

Аглите потешко може да се исчистат, па ако има нечистотии земете нож или друг остар предмет. Врз него ставете крпа и поминете по аглите.

Пребришете уште еднаш

За да заблескаат прозорците, со помош на влажна крпа пребришете ги. Тоа е тоа, чисти прозорци на едноставен начин!

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top