ficerpetar 620x350

Драмата на семејството Митровиќ од Стара Пазова се заврши со среќен крај. Нивниот 13 годишен син Петар кој беше киднапиран, е пронајден од полицијата жив и вратен во прегратките на родителите.

Според информциите кои ги објавуваат српските медиуми, момчето било киднапирано вчера и по 20 часа е пронајдено. Негови другари се дел од лицата кои се сомничат дека стојат зад ваквиот чин, а неофицијално причина за киднапирањето е пари.

Медиумите јавуваат дека семејството на Петар е едно од финансиски помоќните, па другарите се одлучиле преку негово киднапирање да дојдат до пари.

Момчето синоќа во придружба на полиција беше донесен до полициската станица каде го пречекаа неговите родители, а никој од насобраните граѓани не остана рамнодушен на лелеците и плачот при семејната прегратка.

– Детето има повреди на лицето, телото, вратот, рацете бидејќи го врзувале со ланци. Никаде не е исечен, изјавило семејството.

Утврдено е дека Петар не бил тепан, туку повредите ги ги заработил кога сфатил дека е киднапиран и се обидел да избега, но не успеал.

Прочитајте и...  Познат идентитетот на монструмот кој уби шест лица во Хрватска: Ова се неговите жртви, се спаси само мало бебе
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за