Македонија

Тројца починати, 15 новозаразени и седум излечени од Ковид-19 во последните 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие во земјава регистрирани се 15 нови заразени со коронавирус. По градови: Во Скопје 4, Куманово 8 и по еден во Тетово, Струга и Штип, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Со тоа, вкупниот број на позитивни на Ковид-19 во земјава достигна 570 лица.

Тој потврди и дека уште тројца пациенти починаа од Ковид-19 во изминатото деноноќие и со тоа бројката на починати кај нас се искачи на 21.

Седум пациенти се излечени односно покажале негативни резултати на два последователни теста. Станува збор за четворица кои биле хоспитализирани на Инфективната клиника, и три лица од Дебар кои биле на домашно лекување.

Прочитајте и...  17 новозаболени од коронавирус, регистрирани двајца починати пациенти

Најпопуларно

To Top