Случувања

Трудница доживела мозочна смрт, а лекарите ја одржувале 123 дена во живот: Потоа се случило нешто неверојатно

Семејството на Фрекиелен де Силва Замполи Падиља (21) не можело да поверува дека таа ќе остане жива после ударот кој и се случил во деветтата недела од бременоста.

Сите набрзо имале причина за среќа.

Лекарите на ултра звук виделе дека срцата на бебињата сеуште чукаат, дури и откако таа била мозочно мртва. Лекарите успеале да ја оддржат во живот за да нејзиното тело обезбеди неопходни хранливи материи за развој на близнаците кои ги носела во стомакот. За жал за неа не постоеле никакви шанси, бидејќи нејзиниот мозок бил мртов.

https://www.facebook.com/1094899837248395/photos/a.1094923080579404/1554031381335236/?type=3

Медицинските сестри се потрудиле да и ја декорираат собата за да биде опуштена атмосверата околу неа, а членови на медицинскиот персонал им пуштале музика на нејзините бебиња за да ги смират. Ја третирале на посебен начин, како и членовите на нејзиното семејство. Нејзините бебиња кои покрај нејзината мозочна смрт преживеале, се вистинско чудо. Овие бебиња растеле и се развивале добро, а секој завршен ден ја зголемувал надежта дека со децата ќе биде се добро.

Прочитајте и...  Додатен ден за одмор: Во овој град се воведува работна недела од 4 дена

За среќа ниеден орган на мајката не претрпел големо оштетување поради мозочниот удар, па бебињата можеле да напредуваат. Мајката поминала сто дваесет и три дена во болницата, а бебињата се донесени на свет со царски рез.

Момчето и девојчето биле задржани во инкубатори, а за нив три месеци се грижеле медицинските сестри и таткото.

Мајката на несреќната девојка била тажна за загубата на нејзината ќерка, но утеха и било тоа што сепак ќе остане дел од неа. Набрзо по раѓањето на децата апаратите на кои била приклучена биле исклучени и семејството морало да се збогува со неа и да тагува.

Чувството на загуба им го ублажиле двата нови членови на семејството кои за жал мајката не стигнала да ги запознае.

Најпопуларно


To Top