На oколината на Демир Хисар, се наоѓа селото Бабино каде има само двајца постојани жители и повеќе од 20.000 книги, во библиотеката „Ал Би“, сопственост на Стево Степановски.

babino znak

Оваа библиотека, за која книги семејството на Степановски собирало повеќе од 140 години, има над 400 речници, македонски правопис, книги на различни јазици кои се донесени од Истанбул, Техеран и други места. Библиотеката датира од 1.882 година, а Степановски вели дека годишно ја посетуваат околу 3.500 туристи.

„Доаѓале туристи од многу земји за да ја видат библиотеката, телевизиски куќи од Полска, Бразил и сите биле воодушевени. Странците знаат да се восхитуваат на ова што го поседуваме. За нив се интересни насловите кои ги имаме и фондот на книги. Имаме програма и со училишта, доаѓаат ученици да ја посетат, така што имаме посетители од сите категории. Мојот дедо донесувал книги од различни краеви, во моето семејство уште во тоа време имале поизразени културни потреби, но сето тоа треба денес да се одржува“, вели Степановски.

Прочитајте и...  Влијанието на цигарите на нашето тело прикажано преку споредба на идентични близнаци од кои едниот е пушач

Во библиотечниот фонд кој брои преку 20.000 наслови и друг библиотечен материјал има весници, списанија, публикации, географски карти, завучни записи, албуми, сепарати, ЦД ромови и друго. Во фондот на библиотеката се чува првиот број на македонскиот Правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар и првото издание на Нова Македонија печатено во с. Горно Врановци, како и повеќе наслови на книги за Македонија кои зборуваат за нејзината историја, народ, географија, картографија, хидрографија, етнографија, статистика, јазик, традиција, народно творештво, цркви, училишта, туѓи влијанија итн. Најголем број од книгите се од областа на историјата, книжевноста, психологијата, музичката уметност, лингвистиката и друго.

Македонските граѓани, издавачи, амбасади донираат книги за оваа библиотека. Домашните туристи кои ја посетиле библиотеката велат дека е нешто единствено и уникатно.

„Библиотеката „Ал Би“ е дом паметник на едно минато, сегашно и идно време. Дом полн со книги, спомени од минатите времиња, вреден да се посети. Не постои вљубеник во книгите и воопшто во пишаниот збор кој ќе остане рамнодушен при посетата на ова место каде се спојуваат минатото и иднината. Минатото вткаено во илјадниците книги, а иднината во богатството на книги, кои им ги остава сопственикот Стево на идните генерации.

Прочитајте и...  Добиле гаража од тестаментот на вујче: Очекувале голем неред и прашина, а кога виделе што има внатре се изненадиле (ФОТО)
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за