in

Убиен научник кој го истражувал коронавирусот

Професор од универзитетот во Питсбург, Бинг Лиу, кој како што тврди универзитетот бил на работ на „многу значајни откритија“ за коронавирусот, бил застрелан за време на викендот.

Бил пронајден во својата куќа во саботата со простелни рани на главата, вратот, рамената и екстремитетите, соопшти полицијата, пренесува CNN.

Инспекторите веруваат дека неидентификуван маж кој бил пронајден во својот автомобил, пукал во Лиу и го убил во неговата куќа, а потоа се вратил во автомобилот каде извршил самоубиство, пренесува Танјуг.

Полицијата верува дека тие двајца се познавале, но рекле дека нема никакви индикации дека Лиу е убиен затоа што е Кинез.

Извор: РТВ/Танјуг

Прочитајте и...  Евтината верзија на Samsung Galaxy S10 ќе биде претставена како Galaxy S10 E

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote