Видео

Убива за еден час: Ова преубаво место е најопасно на светот

Прекрасното езеро Карачај се наоѓа во Русија и толку е убаво што ќе ви застане здивот. Но, колку е убаво, толку е и смртоносно.

karacaj 2 640x479

Имено, Карачај е официјално најзагаденото место на планетата и за само еден час поминат во близина на тоа езеро можете примите смртоносна доза на радијација.

Причина за огромните количини на зрачење е нуклеарниот погон кој се наоѓа во близина, кој со работа престанал во 1957 година, после несреќата во која прекинал со работа системот за ладење.

59f330be85600a36ac2a6d78

Во текот на 40-тите години од минатиот век во близина на езерото се сместила тајна руска фабрика за изработка на нуклеарно оружје и плутониум. Во прашање бил советски проект за изработка на атомски бомби.

После Втората светска војна, Советскиот Сојуз заостануваше со развојот на нуклеарниот арсенал во однос на САД, па забрзано се работело на истражувања и развојни проекти, како би се произвела доволна количина на ураниум и плутониум.

Прочитајте и...  Емотивно видео кое испраќа силна порака: Мало мече не го пушта од прегратка човекот кој го спасил од пожар

Имено, плутониумот го испушта алфа зрачењето, кое главно проаѓа низ нашето тело. Доколку се судри со молекулите во нашиот организам, можат да настанат сериозни оштетувања на хромозомите.

Нуклеарната постројка во градот Озерск изградена е во брзање помеѓу 1945 и 1948 година, а дупките во знаењето на советските физичари оневозможиле исправна проценка на сигурносните одлуки.

Еколошките проблеми не се земале премногу во предвид во тие фази од нуклеарниот програм. На почетокот високо радиоактивниот отпад се фрлал во реката во близина, која се одлевале во реката Об, патувајќи понатаму во Северно ледениот океан.

Подоцна езерото Карачај се користело како складиште на отворено, а после експлозијата на нуклеарната постројка во 1957 година, радијацијата станала смртоносна.

Населението е евакуирано, но и покрај тоа голем број на луѓе не сакале да се преселат, па и денес вдишуваат контаминирана прашина и воздух, а пијат и загадена вода. На езерото сепак не му се приближуваат, а процентот на смртност и рак е очекувано голема.

Прочитајте и...  Новосибирски Малдиви: Популарното езеро за фотосесии всушност е многу отровно

Езерото Карачај денеска е закопано со бетон чија немена е да го држи радиактивниот талог, подалеку од бегот. Во реката Теча скоро да нема ни траг од радијацијата, иако подводните текови се загадени, па од нив нема да биде сигурно да се пие вода уште стотина години.


Најпопуларно


To Top