Здравје

Убивачот на болки Трамадол одзел повеќе животи од било која дрога

Зависноста од таблети е една од најсериозните зависности кои постојат на денешницата. Алкохолот, дрогата и коцкањето на подмукол начин влегуваат во твојот живот и прават хаос од него.

Кога станува збор за земањето таблети многу луѓе уживаат во слободата и удобноста што им ги овозможуваат. Поради пристапноста на лековите многу луѓе стануваат зависни од нив. Една од најголемите зависности на лекови во денешницата е зависноста од Трамадол – познат убивач на болки.

Трамадол или Ултрам е медицинска дрога која има ефекти слични на морфиум. Со оглед на ова Трамадолот е сметан како лек што предизвикува зависност.

Трамадолот како убивач на болки

Трамадолот заедно со слични дроги како Фентанил се користи за пациенти со емоционални проблеми. Истражувањата покажуваат дека зависноста од Тромадол секој ден е се поголема и се повеќе луѓе го користат.

Таблетите за болка се многу важен дел од лекувањето на некои пациенти, но вистината е дека многу повеќе луѓе го користат без навистина да им треба.

Прочитајте и...  СТОЈАНОВСКА: Се потресов кога слушнав дека е приведена за дрога, мајка ми Силвија е невина

Опасноста од Трамадол

Трамадолот е синтетичка дрога која се користи како опиоид и е злоупотребуван како наркотик. Оваа дрога е се повеќе препишувана на пациенти кои искусуваат хронична болка поради некоја состојба.

Начинот на кој Трамадолот делува е со поврзување на нервите од мозокот за да може да управува со болката. Земањето на Трамадол може да резултира со многу несакани дејства вклучувајќи:
-предизвикување гасови
-мигрена и вртоглавица
-крв во урината
-ладна пот
-хипертензија
-губење на чувство во екстремитетите
-забрзано чукање на срцето
-проблеми со памтењето

Луѓето сметаат дека Трамадолот е безбеден поради тоа што е препишан од страна на доктор, но тие не знаат дека Трамадолот е опасен како хероинот и може да биде класифициран како дрога од класа.

Во Ирска во 2017 година Трамадолот убил повеќе пациенти од било која друга илегална дрога. Во САД двојно се зголемил бројот на пациенти зависни од Трамадол.

Комбинирање на Трамадол со алкохол

Прочитајте и...  Храна која е најдобро да ја јадете на празен желудник

Трамадолот не е многу компактибилен со алкохол. Самата дрога е премногу силна па кога би била комбинирана со алкохол може да биде фатална.

Некои од најсериозните закани на овој микс се: откажување на некои органи, проблеми со срцето, низок крвен притисок и за жал смрт.

Предозирање со Трамадол

Ако Трамадолот е злоупотребуван може лесно да се предозирате и тоа да се манифестира со следните систоми. Ако забележите некои од нив кај вас или некој друг итно побарајте медицинска помош.
Овие симптоми вклучуваат:
-тешко дишење
-несвестица
-губење на сила во мускулите
-измореност
-забрзано чукање на срцето
-наклонетост кон самоубиство

Препорачана доза Трамадол

Во повеќето случаи докторите предлагаат пациентите да земаат од 50-100мг на секои 6 часа. Оваа доза не смее да биде зголемена без дозвола од медицинско лице. Додека оваа доза е најбезбедна за возрасните, за лицата што се интолерантни на Трамадол оваа доза може да биде преголема и да предизвика несакани ефекти.

Прочитајте и...  Зошто не треба да ја грицкате кожата околу ноктите?

Секако ниедна доза од Трамадол не е премногу безбедна за пациентите и не го употребувајте без да имате вистинска причина.Во никој случај Трамадолот не смее да биде земан од бремени жени , бидејќи може да го убие фетусот.

Најпопуларно


To Top