Македонија

Учебникот по социологија за втора година ги разгоре социјалните мрежи: Затворете ги жените дома за да не бидат криминалки

Низа на реакции на социјалните мрежи предизвика објава со цитати од учебник по социологија за втора година средно образование, во кој, меѓу другото, се посочува дека жената која е поактивна во општествениот живот има поголеми шанси да стори криминал. Од друга страна, стои дека, ако жената е затворена во домот нема можност да биде сторител на кривично дело.

Како што се наведува на социјалните мрежи, автори на овој учебник, кој е во употреба во последните 17 години,  се универзитетските професори Нелко Стојаноски, Милева Ѓуроска и Зоран Матевски. Во учебникот, исто така, стои дека прељубата е кривично дело. Односно дека жените во помал обем се сторители на „следните кривилни дела:прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби, кривоклетство.

„Секоја чест на авторите за ставовите позајмени од времето на племенските заедници;„Правеле копи пејст од времето на вештерките“; „Два дена дома седам, одам утре да опљачкам нешто“… се дел од коментарите на Фејсбук, по објавувањето на дел од спорните содржини во учебникот по социологија.

Прочитајте и...  5 причини заради кои мажите одлучуваат одеднаш пак да почнат да ви се јавуваат

Најпопуларно

To Top