Македонија

Ученичките и студентските домови ќе се користат како центри за карантин, ако има потреба за време на вонредната состојба

Ученичките и студентските домови може да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот, изгласа денеска со уредби Владата на својата 31.седница. Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, со овие уредби со законска сила се регулира овозможување ученичките домови, како и со измените во Програмите за ученички и студентски стандард, ќе се овозможи ученичките и студентските домови да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот.

Владата ги донесе Уредбата со законска сила, за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за примена на законот за студентскиот стандард за време на вонредна состојба, Програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година и Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Прочитајте и...  Ако студентските домови станат карантини, студентите сами ќе си ги земат личните работи

Владата ја усвои Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и Јавните обвинителства, според која законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа Уредба се до престанување на вонредната состојба. Законските и преклузивните рокови за изјавување на правни лекови, правни средства или за преземање процесни дејствија во постапките престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Во кривичните и прекршочните постапки, роковите за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредните правни лекови, престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Прочитајте и...  Регистрирани 2 нови случаи на коронавирусот

На оваа седница е усвоена одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа Предлог-одлука на трговците на аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, им се забранува да вршат трговија на мало на крајни потрошувачи во објектите кои се наменети за трговија на големо на овие стоки (магацини, складови за трговија на големо, на пазарите за трговија на стоки на големо, како и во други деловни простории кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис).

Одлуката се предлага на предлог на Државниот пазарен инспекторат, бидејќи инспекторите констатирале дека на терен трговците на големо вршат манипулација и прикажуваат промет остварен во најголем дел од трговија на мало, а не од трговија на големо иако истите не располагаат со продажни објекти наменети за трговија на мало.

На денешната седница беше донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија“ за време на вонредна состојба. Објавувањето за време на траењето на вонредната состојба се врши само во електронска форма.

Најпопуларно

To Top