Македонија

Ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“ создадоа рециклирачки систем со кој се штеди вода и се произведува органска храна

Учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ создале аквапоничен рециклирачки систем, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој преку програмата „Предизвик за млади истражувачи“, информираат од Општина Аеродром.

2 4

„Учениците и нивните наставници ги презентираа сите составни делови на системот што се наоѓа во училиштето, како и нивната функција и намена. Имено, со овој систем се заштитува животната средина, се штеди водата и се произведува здрава органска храна“, велат од општината.

Директорот на училиштето, Перо Арсеновски, посочи дека овој иновативен систем поттикнал заинтересираност кај претприемачите – партнери на училиштето и ќе биде презентиран пред претставниците на малите и средните претпријатија. Училиштето, исто така, има во план да ја патентира оваа иновација на младите иноватори.

Прочитајте и...  Паркирал до контејнери, добил слатка одмазда (ФОТО)
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top