Ученици од Визбегово преку прозор излегуваат од претоварен и дотраен автобус – „Лош е патот за нов“, велат од ЈСП

Секој ден основците од селото Визбегово се принудени да патуваат од Визбегово до Чаир и обратно со дотраени автобуси објави тв21. Освен што е дотраен, она што го привлекува вниманието е и дека автобусот е преполн со ученици. Се обративме до Јавното сообраќајно претпријатие и ги прашавме дали ќе преземат мерки, дали овој автобус ќе биде заменет со нов и дали ќе се воведе дополнителна линија на оваа релација. Од таму ни одговорија дека причината поради која пуштиле такво превозно средство се инфраструктурните услови.

Од ЈСП велат дека ќе бидат набавени девет нови комбиња за транспорт на учениците. Учениците од Визбегово се принудени да патуваат до Чаир или Шутка, бидејќи во нивното населено место немаат училиштен објект, иако земјиштето беше одредено уште во 2005 година.

Жителите што ги анкетираше ТВ21, велат дека се изморени од празните ветувања на властите.

Инаку, изградба на училиште во Визбегово, за кое ТВ21 известуваше неколкупати, ветуваше и претходникот на Смилевски.

Прочитајте и...  Сообраќајка во Италија: Загинаа 24-годишни маж и жена од Скопје, преживеа нивното 6-месечно бебе
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за