Случувања

Учениците во Кина носат капи од еден метар за да одржуваат дистанца

Едно училиште во Хангжу, Кина, смислило нов начин како да ги научи учениците на важноста од социјалното дистанцирање.

Source

Учениците од основното училиште “Јангценг” имале домашна задача да изработат капи со пречник од 1 метар.

Овие шешири со две крила се слични на оние кои ги носеле владините службеници во текот на династијата Сунг. Легендата вели дека царот Таизу, основач на династијата, смислил план како во текот на утринските состаноци да ги спречи министрите да шепкаат нешто против него.

Челниците на училиштето одлучиле да ги поттикнат учениците да смислат сопствени шешири во стилот на оние од династијата Сунг за да ги научат на важноста од социјалното дистанцирање.

Оригиналните капи некогаш биле изработувани од бамбус и метал, но учениците сега користеле секаков вид на материјали, вклучувајќи балони, картонски цевки и дрвени стапови.

„Ова навистина беше наша иновација. Ние се залагаме учениците да носат капа од еден метар и да го одржуваат пропишаното растојание”, вели Хонг Фенг, директор на училиштето.

Прочитајте и...  Дел од атмосферата од вчерашниот незаборавен прв концерт на Влатко Лозаноски - Лозано !

Најпопуларно

To Top