Македонија

УJП со соопштение дека на граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе им бидат исплатени парите наредниот месец

Од УЈП излегоа со соопштение и известување и тоа дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ. За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР.

Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.

Исплатата за месеците јануари, февруари и март ќе започне во мај 2020 година. Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците а во меѓувреме истите ги ажурирале.

Прочитајте и...  Пред Тодорова сабота се остваруваат сите желби- вечер сите девојки пред да легнат треба да го направат ова

Најпопуларно

To Top