Случувања

Украдена слика на Ван Гог од музеј во Холандија

Музејот „Сингер Ларен“, кој се наоѓа близу Амстердам во Холандија, ги затвори вратите за посетителите во март поради националните рестриции за коронаворусот. Крадци влегле и украле слика од познатиот сликар Винсент Ван Гог, објави Дојче Веле.

Според музејот, станува збор за сликата која прикажува градина во Нуенен во пролет, позната и како „Пролетна градина“.

На прес-конференција за новинарите, директорот на музејот Јан Рудолф Де Лорм изјави дека сликата била позајмена од музејот Гронингер.

„Шокиран сум и неверојатно гневен“, рече Де Лорм на конференција за новинарите.

„Ова е многу лошо за музеите Гронингер и Сингер. Но пред сѐ овој настан нѐ погодува сите нас. Уметничките дела се тука за нас, да ги делиме сите, целото општество. Таа би требало да нѐ инспирира и теши, особено во овие тешки времиња“, додаде Де Лорм.

Вредноста на украденото дело е околу 6 милиони евра.

Прочитајте и...  СВЕТСКИ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА: Тие се најголеми борци за живот

Најпопуларно


To Top