Украинец му го пресекол пенисот на човекот кој му ја силувал сопругата

ukraine rape cut 01 960x640

Маж од Украина му го одсекол пенисот на човекот кој му ја силувал сопругата, во близина на нивниот дом во Украина.

Додека се враќал дома во селото Шеченково, 27-годишниот маж видел како некој му ја силува жената, пишува „Дејли мејл“. Жената била излезена во ресторан со пријателки и заминала кон дома околу еден часот по полноќ. Била нападната недалеку од дома од 25-годишниот Дмитри Иченко, кој ѝ ја покрил устата за да не може да вика и ја одвлекол во грмушките покрај патот.

Како што пренесува „Дејли мејл“, нејзиниот сопруг пристигнал по десетина минути и слушнал некакви звуци од грмушките, па се приближил и видел како Иченко му ја силува жената. Прво го удрил по главата, а потоа извадил нож и му го пресекол пенисот. Вриштењето на силувачот ги разбудил сите околни станари.

Адвокатот на мажот, кој му го одсекол пенисот на силувачот, рекол дека неговиот клиент изгубил контрола.

„Сопругот изгубил контрола. Не бил свесен што прави“.

Прочитајте и...  Денеска на небото ќе сјае Супермесечина - најголема годинава

Сега му се заканува затворска казна повисока од казната на силувачот. Ако биде прогласен за виновен, тој би можел да добие 8 години затвор, а силувачот пет.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде