in

Уметничка користи текстилен отпад за креирање прекрасни таписерии со мотиви на океанот (ГАЛЕРИЈА)

Ванеса Бараџо е португалска уметничка која создава преубава таписерија од текстилен отпад. Оваа уметничка израснала во крајбрежниот град Албуфеира, па многу од нејзините дела се инспирирани од окоеанот – корални гребени, водни растенија и животни се вообичаени теми за нејзината таписерија.

Ванеса го отворила своето студио во 2014 година додека посетувала магистерски студии на Универзитетот во Лисабон. Тогаш го научила овој занает за создавање таписерија. Ванеса моментално живее во Порто, каде што се наоѓа јадрото на текстилната индустрија.

„Текстилната индустрија е една од најзагадувачките во светот. Речиси во секој процес се користат хемикалии, особено кога станува збор за обработка и боење на влакна“, вели уметничката на својот веб-сајт.

„Тоа е исклучително штетно за нашата планета и влијае на цела природа, особено на океанот кој апсорбира 90% од загадувањето во атмосферата, затоплувајќи се до тој степен што многу видови се загрозени како што се коралите, важни за многу други животни, едни од најзагрозените.“

Textile Art Captures the Beauty of Our World's Coral Reef Ecosystem
Recycled Textiles Make Ocean Tapestry by Vanessa Barragão
Textile Art Captures the Beauty of Our World's Coral Reef Ecosystem
Vanessa Barragão 來自葡萄牙的藝術家,看她編織出海洋最瑰麗的樣貌!
Прочитајте и...  Отворен најголемиот фестивал на чудесни скулптури од мраз и снег во светот (Галерија)

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote