Галерија

Уметнички дела со помош на скалпел кои ќе ви го одземат здивот

Не ни се секогаш потребни скапи материјали за да креираме ремек-дела. Јапонката Масајо Фукуда користи само скалпел и хартија повеќе од 25 години! Токму малиот број на материјали и дозволуваат да креира цела серија на подводни суштества кои изгледаат скоро како да се вистински. Масајо иако се фокусира на подводниот свет, успешно креира и птици, личности и цвеќиња.

Уметничката е исто позната и како Кен Сири (на јапонски тоа значи меч кој сечи) па работи со техниката на сечење хартија. Тоа е многу традиционална уметност во Јапонија. Масајо живее со нејзиниот син и сопруг и е вклучена во сите изложби низ Јапонија. Секојдневно прима нарачки и планира да почне и онлајн да ги продава нејзините дела.  Според неа, најдоброто нејзино дело е октоподот за кој и биле потребни 2 месеци до конечната изработка.

Прочитајте и...  Дизни со нова линија на венчаници инспирирани од Дизни принцезите (ФОТО)

Најпопуларно


To Top