Уметност на живеење: Вегетаријански и Вегански рецепти

Денес за сите љубители на вегетаријанска и веганска храна, имаме спремено рецепт за свежи тапаси, кои ќе ги подготвите експресно и едноставно.

Состојки:
-2 мали цврсти домати
-8 1/2 инчи долги парчиња краставица
-1/4 чашка никулци од грашак
-1/2 лажичка масло
-1/4 лажичка семиња од ким
-1 лажичка мелен ѓумбир
-1/8 лажичка црн бибер
-1/4 лажичка морска сол
-неколку капки лимонов сок
-1 супена лажица вода
-2 супени лажици крем сирење
-и лажичка ситно исецкан магдонос
-1/2 лажичка мелен ѓумбир
-1/4 лажичка морска сол
-сосем малку црн бибер

Се сервира на 1 до 3 личности
Потребно време за подготовка-15 минути

Начин на подготовка:
Во мала тава за пржење, загрејте го маслото на средна температура. Додадете ги семињата ким, веднаш чим се загреат додадете ги и никулците, ѓумбирот, црниот бибер и водата. Гответе 2-3 минути додека никулците не станат меки. Тргнете го тавчето од ринглата. Додадете го лимоновиот сок, измешајте добро и оставето го тавчето на страна.
Во друг сад ставете ги крем сирењето, ѓумбирот, магдоносот, морската сол и малку црн бибер. Измешајте ги убаво и останете ги на страна.
Исечете ги доматите на половина и извадете ја средината, и направете празна школка.
Исечете ја краставицата на 8 парчиња и извадете ја средината така да остане празна школка.
Наполнете ги доматите и 4 парчиња краставица со содржината од тавчето.
Наполнете ги останатите 4 парчиња краставица со содржината од вториот сад.

Прочитајте и...  Посни колачи со мармалад

Послужете и уживајте. Пријатен апетит.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.