Случувања

Умре последниот суматрански носорог во Малезија

Последниот суматрански носорог во Малезија почина вчера, оставајќи ја најмалубројната популација носорози, кои некогаш крстареа низ Азија, да ја има главно во Индонезија.

shutterstock 1182036166 225947764

25-годишната женка носорог, наречена Иман, која се чуваше во резерватот за диви животни од нејзиното заловување во 2014 година, умре од рак на островот Борнео.

„Смртта на Иман дојде порано од очекуваното, но знаевме дека почна да чувствува силни болки“, рече Огустин Туга, директор на Одделот за див свет.

Суматранскиот носорог беше прогласен за исчезнат во дивината во Малезија во 2015 година. Последниот мажјак од овој вид умре во мај, годинава.  Видот сега е скоро исчезна од дивината, а се проценува дека има само 30 до 80 единки, претежно на индонезискиот остров Суматра и на индонезиската страна на Борнео.Нивната изолација, предизвикана од губење на живеалиштата и ловокрадството, значи дека може да исчезнат за неколку децении.  Од 2011 година, Малезија се обиде да го зачува овој вид во заробеништво, преку ин витро оплодување, но без успех.

Прочитајте и...  Горан Каран посвети песна на девојчето што загина во земјотресот во Загреб

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top