Филм & ТВ

Уште еден огромен филмски успех за Македонија

Од 20-ти до 28-ми септември, во Шпанија се оддржа 67-то издание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан. На овој престижен филмски фестивал од А категорија, кој е на ист ранг со Канскиот, Берлинскиот и Венецискиот фестивал, зема учество и Македонија преку ко-продукција во филмот „Галаксијата Андромеда“.

Ко-продукцијата е меѓу Косово (главен продуцент е продуцентската куќа „Арена“ од Приштина), меѓу Македонија (продуцентска куќа „ДМФ“ од Скопје), Франција и Италија.
Режисер на филмот е младата и талентирана Море Рача, главен продуцент е Сунај Рача, обајцата од Косово, директор на фотографија е Дарио Секуловски од Македонија, а продуценти на филмот од Македонија се Дејан Илиев и Илија Циривири.

Учеството на филмот на фестивалот во Сан Себастијан беше во рамките на програмта „Глокал“. Целта на оваа прогрма е да стимулира развој и дистрибуција на филмови од недоминатно говорно подрачје. Селекцијата на филмови кои учествуваат во програмата е исклучитено ригорозна, па така оваа година, покарј филмот „Галаксијата Андромеда“, се најдоа само уште два филма.
Комитетот на филмскиот фестивал Сан Себастијан одбра три играни филмови кои се во фаза на постпродукција за да бидат презентирани пред публиката и пред претставници од филмската индустрија. Оваа програма е компетитивна, а победникот добива од спонзорите пакет кој вклучува целосно завршување на постпродукцијата во Мадрид, како и дистрибуција на филмот низ цела Шпанија. Наградите се спонзорирани од Ad Hoc Studios, BTeam Pictures, Deluxe Spain, Dolby Iberia, Laserfilm Cine y Video, Nephilm producciones и No Problem Sonido.

Прочитајте и...  Анимирана серија „Трансформери“ доаѓа на Нетфликс во 2020

Токму филмот „Галаксијата Андромеда“ ја понесе првата награда и се стекна со можност да ги заврши бесплатно сите постпродукциски фази. Инаку, филмот е снимен со исклучително мал буџет, голем ентузијазам, талент и чувство за нарација.

Македонското учество во филмот е сопствена инвестиција на „ДМФ“ и не е поддржан од Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија.

Извор: 365

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top