Македонија

Уште три нови случаи на коронавирус во Македонија, вкупната бројка достигна седум

Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на коронавирусот.

Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.

Со ова вкупната бројка на заразени со коронавирус на земјава се искачи на седум лица.

Прочитајте и...  Уште еден пациент со симптоми на коронавирус на Инфективна

Најпопуларно

To Top