Услови за користење

Со посетувањето на овој портал, вие без никакви ограничувања, се согласувате со условите на користење.

Ве молиме подобро да се запознаете со овие правила и услови, со цел да се избегнат евентуалните недоразбирања во понатамошното користење на овој портал. Со читање на правилата и условите, сметаме дека во целост се согласувате со нив и ги прифаќате. Во спротивно, ве молиме да не го користите порталот.

За секои прашање можете да го контактирате нашиот тим на мејл адресата [email protected]

1. Содржина

Публицист.мк е забавно-информативен портал кој креира оригинални содржини и не превзема од други македонски сајтови, но користи странски сајтови во рамки на условите за Праведна употреба.
Вестите кои се од забавен карактер не мора да значи дека се 100% точни.
Текстовите објавени во категоријата „Колумни“ се напишани од трети лица и испратени на нашиот портал за објавување. Доколку авторот побара да остане анонимен, Публицист.мк го задржува правото да го почитува тоа барање и да не го објави идентитетот на авторот.
– Со користењето на овој сајт, доколку пронајдете навредлива или непристоја содржина се согласувате да ги сносите сите последици и да не го држите одговорен Публицист.мк или неговиот тим под било какви услови.


2. Објавување на наши текстови

Доколку сте сопственик на медиум или сајт за комерцијални цели и сакате да објавите текст оригинално објавен на нашиот портал Публицист.мк, треба да се согласите со следниве услови:

-Не е дозволено објавување и превземање на целосен текст во медиум или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола. Во случаи за референца, дозволено е објавување на 30% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, а доколку медиумот е во електронска форма, исто така да се обезбеди и линк до материјалот на Публицист.мк кој го превземате.

3. Ограничување на одговорност

Публицист.мк се оградува од одговорност за:

  • било каква штета која корисниците може да ја предизвикаат или претрпат при користење на порталот, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините на порталот
  • вистинитоста и точноста на податоците објавени во рекламните содржини објавени на порталот
  • било каква штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линковите
  • било каква штета настаната од колумните напишани од трети лица објавени на нашиот портал, нивната вистинитост и точност
  • било каква штета настаната од содржините превземени од други веб-страници

Публицист.мк го задржува правото да врши промена на овие услови без претходна најава.

Ве молиме да ги прочитате правилата и условите за користење на Публицист.мк