Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со струја е поради закажани технички зафати.

struja

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Сарај, Петровец, Центар и Чаир.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со струја е поради закажани технички зафати.

Од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците на булевар „Партизански одреди” зграда бр.149 со локалите во неа во општината Карпош, а од 12:30 до 15 часот корисниците од улица „Борис Бојаџиски” од бр. 13 до бр. 42, улица „Николај Островски” од бр. 40 до бр. 50, улица „Moцартова” од бр. 33 до бр. 54 и улица „Арсо Мицков” од бр.3 до бр. 41 во истата општина.

Без струја од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците на ул. „4″ во селото Сарај (пат за селото Љубин) во општината Сарај, од 08:30 до 15:30 часот корисниците од Индустриската зона Ќојлија и ТС Брути и Компани во општината Петровец, од 06:30 до 11 часот дел од улица „Самоилова”, како и дел од Старата Скопска Чаршија во општините Центар и Чаир, а во време од 9 до 12 часот дел од ул. „Јан Хус” во општината Карпош.

Прочитајте и...  Aко имате ваква брава, веднаш сменете ја: Крадец пустоши низ Карпош, не остава ни ДНК
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за