Македонија

Утринава нема новозаболени од коронавирус, сите 22 теста се негативни

Министерството за здравство информира дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.

Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот. Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата, соопшти министерството за здравство.

Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.

Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација, додаваат од министерството.

Прочитајте и...  Држави во кои нема ниту еден заразен со коронавирус

Најпопуларно


To Top