image 6

Кога најпознатиот грчки режисер за еротски филмови Димитрис Сиринакис организирал аудиција, никој не претпоставувал колку луѓе ќе се пријават – од млади девојки до пензионери.

Големи редови се создале во атинската населба Палео Фалиро, каде што мажи и жени од сите возрасти дошле на кастинг за порно актери.

Сепак, најголемо внимание привлекла една мајка која ја довела својата 25-годишна ќерка и барала од режисерот нејзината ќерка да глуми во филм за возрасни со 50 мажи.

И самиот режисер за грчките медиуми признал дека оваа приказна е вистинита.

-Да, дојде една мајка со нејзината ќерка. Трагикомично е тоа што имаше барање нејзината ќерка да глуми во филм кој целосно ќе се разликува од останатите. Кога ја прашав дали е свесна дека нејзината ќерка ќе глуми во порно филм, таа одговори: “Секако. Но доколку ја ставиш со еден маж тоа е веќе видено. Сакам 50 мажи кои чекаат на ред да спијат со неа. Е, тоа ќе има гледаност, а доколку не може тогаш нема воошто да глуми“, изјавил сопственикот на продуцентската куќа “Сирина“.

Прочитајте и...  Социјализам или изумирање

Режисерот истакнува дека тие две воопшто не дошле од економски причини судејќи според тоа што мајката и ќерката изгледале сосема пристојно. Како што рекле тие, сексуално биле слободни и отворени за нови искуства.

„Двете изгледаа нормално. Беа убаво облечени, културно зборуваа и воопшто не изгледаа како да доаѓаат од некоја пониска класа на општеството. Ќерката дури имаше завршено и факултет“.

Како што вели режисерот, на аудициите воглавно доаѓаат луѓе кои се во тешка финансиска состјба.

-Се случи еднаш да дојде една мајка со нејзиното дете плачејќи: “Ме исфрлија од дома. Сакам да глумам само додека не се снајдам и додека не си го средам животот. Ѝ дадов пари и си замина. Никогаш не би искористил нечија таква ситуација за тој некој да глуми во мој филм“,  раскажал режисерот.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде